More

    Потврдено обвинението против Драгијевиќ и Јанковиќ

    spot_img

    Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство Зајечар против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на Данка Илиќ (2), а против Радослав Драгијевиќ за помагање во прикривање на злосторството, објавија српските медиуми. Обвинителството во обвинителниот акт предложи судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

    Обвинетите имаат законски рок за жалба до Апелациониот суд во Ниш, а ова право ќе го остварат адвокатите на обвинетите.

    Двегодишното девојче Данка Илиќ исчезна пред семејниот имот на 26 март во Бањско поле кај Бор, каде што беше со мајка си и братот.

    Потрагата траеше десет дена, по што се уапсени двајца педесетгодишни мажи од Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени дека јго убиле девојчето.

    Тие се обвинети дека со автомобилот ЈКП „Водовод“ каде работеле, го удриле двегодишно девојче, потоа го ставиле во возилото, па телото го фрлиле на депонија, од каде подоцна го преместиле со помош на таткото на Драгијевиќ.

    Радослав Драгијевиќ е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето. Обвинителството предложи таткото на Драгијевиќ да се брани од слобода.

    Братот на Дејан Драгијевиќ, Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на полициското одделение во Бор при приведување.

    Нејзиното тело не е пронајдено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img