Потврдена смртта на актерот Џулијан Сендс кој исчезна пред пет месеци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Потрагата по славниот британски актер Џулијан Сендс заврши со трагично. Мртво тело пронајдено на планината Балди во јужна Калифорнија идентификувано е дека со британскиот актер кој пет месеци се водеше за исчезнат откако заминал на планинарење.

Шерифот на Округот Сан Бернандино потврди синоќа дека останките се на исчезнатиот 65-годишен актер, жител на Лос Анџелес. Истрагата сѐ уште утврдува како настапила смртта. Телото на Сeндс било откриено во саботата од планинари. Планината е дел од масивот Сан Гејбриел што е на 80 километри од Лос Анџелес.

Калифорнија зимата беше погодена од досега незабележани бури проследени со смртоносни поплави и лизгање на земјиштето.
Беа организирани неколку потраги по Сeндс – последната на 17 јуни. Полицијата потврди дека, поради „екстремни алпски услови“, некои места на планината се недостапни.

Сeндс се појави во десеттина филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи ги „Соба со поглед“, „Напуштање на Лас Вегас“, „Полиња за убивање“ и други.

Беше оженет со новинарката Евгенија Ситковиц со која имаат три возрасни деца.

Share This Article