Потврдена африканска чума на 42 фарми во Република Српска

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вкупниот број фарми на територијата на босанскиот ентитет Република Српска (РС) каде што е потврдено присуство на африканска свинска чума е 42, објави во понеделникот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РС.

„Болеста досега е потврдена во Бјелина во Семберските села Вршани, Чаѓавица Доња, Магнојевиќ Горњи, Драгаљевац Горњи, Драгаљевац Доњи и Драгаљевац Средњи, а не се проширила во другите општини. Според досегашниот извештај доставен од локалниот кризен центар во Бјелина, од теренот безопасно се отстранети 1.232 свињи од 29 заразени фарми“, наведува Министерството.

Се додава дека ќе продолжат редовно да ја следат состојбата на терен и да ги преземаат сите неопходни мерки и чекори за сузбивање и спречување на ширењето на оваа заразна болест.

„Со цел соодветно да се спречи ширењето и контролата на болеста, апелираме до сопствениците на свињи строго да се придржуваат до сите пропишани мерки, особено мерките за биосигурност, секоја сомнителна состојба на животното и смрт веднаш да пријават до надлежниот ветеринарен инспектор или надлежниот ветеринар“, се наведува во соопштението од Министерството.

Беше посочено дека е строго забрането да се преместуваат животни, а задолжително да се ограничи движењето од и на фармите, да се поставуваат бариери за дезинфекција и да се менуваат обувките и облеката при напуштање на фармата.

На територијата на РС забрането е одржување на саеми, изложби и други собири на животни, продажба на храна од животинско потекло и добиточна храна надвор од деловни простории, како и работа на сточни пазари.

Share This Article