Потресот во Јапонија може да направи петметарски бранови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Освен Јапонија, Северна и Јужна Кореја и Русија денеска издадоа предупредувања за цунами во нивните крајбрежни области. Откако земјотрес со јачина од 7,6 степени ја погоди префектурата Ишикава во Јапонија може да порасне нивото на морето.

„Евакуирајте се што е можно побрзо“, гласат драматичните смс пораки кои ги добиваат граѓаните во Јапонија.

На луѓето им е кажано да бегаат на повисоките места по должината на стотици километри од крајбрежјето на Јапонското Море. Првичните предупредувања велеа дека брановите на некои места би можеле да бидат и до 5 метри. Досега највисокиот забележан бран е нешто повеќе од еден метар, пишува Би-Би-Си.

Противпожарната служба на градот Ваџима во Ишикава соопшти дека примила најмалку 30 извештаи за уривање на згради, објави јапонската државна телевизија НХК.

 

 

Предупредувањето за големо цунами за префектурата Ишикава е намалено на „предупредување за цунами“, но официјалните лица сè уште апелираат на претпазливост, а од луѓето во областа се бара да се евакуираат.

Исто така, на Сахалин, руски остров, прогласена е закана од цунами. Можно е да бидат погодени делови од западниот брег на Сахалин, а населението се евакуира на безбедни места додека бродовите го напуштаат пристаништето кон отворено море, пишува РИА Новости. Властите апелираа до луѓето во крајбрежниот дел на Татарскиот теснец да се засолнат на височини од најмалку 30-40 метри и да се вратат само откако ќе се укине предупредувањето за цунами.

Исто така, цунамито со бранови од околу половина метар е забележано во близина на Кашивазаки-Карива во Јапонија, најголемата нуклеарна централа во светот.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article