More

    Потресно сведоштво на човек што го преживеал масакрот во Москва

    spot_img

    Терористите со автомобил прегазиле 8-годишно момче кога бегале по нападот на концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва.

    Во потресното сведоштво по страшниот масакр, Игор, татко на повреденото дете Иља, вели дека на концертот отишле со целото семејство – тој, сопругата, 11-годишната ќерка и 8-годишниот син.

     

    – Кога почна пукањето, успеавме брзо да излеземе од салата. Најпрво сакавме да се скриеме во тоалетот, но се предомисливме во последен момент. Сега сфаќаме дека ова беше вистинската одлука. Внимателно го изведов семејството надвор од зградата, истрчавме на улица…И само што ми се појави во глава помислата дека сме безбедни, го видовме истиот тој автомобил Рено како со полна брзина оди кон нас и намерно налетува на нашиот син и го соборува – раскажува таткото на момчето.

     

    За малку целото семејство ќе настадало под тркалата на автомобилот со кој терористите се обидувале да избегаат по масакрот  во концертната сала.

    – Автомобилот странично ме удри мене и ќерка ми и добивме помали модринки. Мојот син се здоби со трауматска повреда на мозокот, скршена клучна коска и скршен колк. Лекарите засега не даваат никакви прогнози…- вели таткото на повреденото момче.

    Двајца од напаѓачите набрзо се уапсени по бркотница со автомобил, додека други двајца се фатени во шумата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img