More

    Потресната изјава на поранешната најдобра пријателка на Шенон Доерти ги растажи сите

    spot_img

    Поминаа повеќе од две недели откако славната актерка Шенон Доерти нè напушти. Ѕвездата на сериите „Беверли Хилс“ и „Волшебнички“ почина по деветгодишна битка со ракот на дојката, а од познатата актерка веднаш се простија бројни колеги. Сепак, сите ја чекаа реакцијата на Холи Мари Комбс, некогашната најдобра пријателка на Шенон во приватниот живот, а помладата сестра Пајпер во „Волшебнички“.

    Секој кој некогаш ја гледал серијата за трите сестри вештерки се сеќава на почетокот на четвртата сезона, во која Пру (Шенон) е мртва и сцената во која Пајпер (Холи) ја изговара реченицата на нејзиниот гроб: „Како смееше да ме оставиш, како мислиш да живеам без тебе?“. И се чини дека таа сцена никогаш не била пореална, но и поболна од сега – откако Шенон Доерти ја нема.

    Холи Мари Комбс не се огласуваше на социјалните мрежи, како што направи Роуз Мекгован, но почека почетниот шок малку да помине, па заедно со колегите од серијата, Брајан Краус и Дру Фулер, се вклучи во заедничкиот поткаст и сподели како изгледала нејзината последна средба со некогаш најдобрата пријателка.

    – Последниот пат кога се видовме, ги гледавме првите две епизоди заедно. Како да бевме повторно чудни тинејџерки. Имав малку време да мислам за сето тоа. Мислам дека таа направи сè што можеше во времето што ѝ преостана, но верувавме дека имаме повеќе време. Тоа е многу тажен дел од приказната. Имавме големи планови за оваа година и таа самата не мислеше дека ќе оди каде било наскоро. И звучи како ужасно клише, но сè додека не ти се случи нешто вакво, мислиш дека имаш повеќе време – плачејќи раскажала Холи за средбата со Шенон.

    Многумина веднаш се сетија на споменатата сцена од серијата, па ја „оживеаја“ на социјалните мрежи.

    Да потсетиме, Холи Мари Комбс и Шенон Доерти некогаш беа најдобри пријателки, а потоа станаа сестри на малите екрани. Во 1998 година, Доерти веќе беше големо име во американската кинематографија, а нејзината идеја беше Холи, не толку познато име во тоа време, да стане една од протагонистите на серијата, која на почетокот на сценариото покажа многу ветувања.

    Кога Алиса Милано на крајот ѝ се придружи на актерската екипа како најмладата сестра Фиби, нивното пријателство беше ставено на тест и за малку ќе се расипеше кога Холи имаше операција помеѓу снимањето на првата и втората сезона,  а Алиса Милано и нејзината мајка не ѝ дозволија на Шенон да ја посети во болницата – поради што Холи многу ѝ се налути на Шенон, не знаејќи ја позадината на приказната.

    На крајот успеале да ги средат проблемите кои, од друга страна, биле непремостлива пречка меѓу Шенон и Алиса, што предизвика заминување на Шенон од серијата „Волшебнички“.

    Така што, кога Алиса Милано се огласи по смртта на Шенон Доерти, обожавателите ја нападнаа дека сега е доцна да тагува и дека не веруваат во искреноста на нејзината тага.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img