Бројни спасувачки екипи и војници веќе го евакуираат населението во крајбрежните области по пробивањето на браната Днепар.
Градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтјев, во средата наутро изјави дека седум лица се водат како исчезнати по пробивањето на браната.
Според него, уште 100 луѓе се заробени во градот и чекаат евакуација.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека пробивањето на браната го нарушило снабдувањето со вода за стотици илјади луѓе.
Локалните власти на Нова Каховка предупредија дека градските гробишта се поплавени и дека тоа може да доведе до загадување на водата.
Ноќта на 6 јуни, во областа Керсон, во близина на Нова Каховка, беше уништен горниот дел на хидроцентралата Каховскаја. Десетици населени места, меѓу кои и Керсон и Нова Каховка, почнаа да се поплавуваат со вода. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната.