Потпреседателката на САД тргна во поход на Белата куќа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Камала Харис има предност од 44 до 42 отсто пред Трамп на национално ниво, според анкетата на Ројтерс/Ипсос на регистрираните гласачи во понеделникот и вторникот, откако претседателот Џо Бајден се повлече од трката.

Претходните анкети, спроведени пред одлуката на Бајден, покажаа дека тие се изедначени или Трамп со предност од еден процент.

Во вторникот кандидатурата на Харис ја поддржаа лидерите на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер и малцинството во Претставничкиот дом Хаким Џефрис.

– Сега кога процесот е завршен, ние сме денес тука да ја поддржиме потпретседателката Камала Харис – рече Шумер на заедничката прес-конференција со Џефрис.

Тој додаде дека „несебичната одлука“ на претседателот Бајден да се повлече од трката „и даде шанса на Демократската партија да се обедини за поддршка на новиот кандидат“.

Според бројките на Асошиетед прес објавени доцна во понеделникот, повеќе од 3.000 делегати ја поддржале Харис, со што лесно го надминале мнозинството од 1.976 што ќе ѝ треба на конвенцијата за да ја добие номинацијата. Бројката се заснова на јавните соопштенија на партијата во државите и интервјуата со поединечни делегати, според АП.

– Со нетрпение очекувам наскоро официјално да ја прифатам номинацијата – рече Харис доцна во понеделникот.

Share This Article