Потпишани повеќе меморандуми и програми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Заврши третиот состанок на четвртата Работна група за билатерална соработка меѓу Македонија и Бугарија. Овојпат, во фокусот беа културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот. Беа потпишани неколку меморандуми и програми, меѓу кои Програма за соработка меѓу министерствата за култура на двете земји во периодот од 2022-2025 година.

– Уверена сум дека градејќи трајни пријателства ќе постигнеме резултати кои ќе нѐ направат побогати граѓани на овој дел од Балканот – изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Програмата содржи повеќе новости, меѓу кои е и можноста за поврзување на Културно-информативните центри на двете земји  преку заеднички проекти,  отпочнување на Програмата на мали грантови за промоција на млади уметници, а активно се работи и на Календарот на настани и на Активниот оперативен план.

На состанокот во Софија на кој учествуваа и министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и на Агенцијата за млади и спорт, Марко Ѓоргиевски и Наумче Мојсовски беа потпишани и Програма меѓу Владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија за соработка во областа на образованието и науката за периодот 2022 – 2025 година, Меморандум за соработка во областа на младите и спортот, како и Меморандум меѓу националните агенции Еразмус + и Европскиот корпус за солидарност.

Бугарскиот министер за образование и наука, Николај Денков, појасни дека „има интерес за отворање филијали на бугарски универзитети во Република Северна Македонија“.

Share This Article