Потпишан указот за пролонгирано важење на возачките дозволи со „Република Македонија“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име, а крајниот рок за нивна замена ќе биде 31 декември 2024.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја поздравува одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.

Собранието попладнево по итна постапка ги донесе законските измени согласно кои рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.

Share This Article