Во текот на вчерашниот ден, во Општина Преспа – Лемос беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Ресен, Општина Преспа и Општина Пустец трите општини од трите држави кои го делат Преспанското Езеро.
Целта на овој меморандум е подобра соработка помеѓу потписниците за заштита на животната средина како и за промоција на целиот регион на Преспа.
Превземање на мерки од страна на трите земји за влијанието на климатските промени врз езерото.
Заштита и промоција на културното наследство.
Воспоствување на гранични премини и патна инфраструктура која ќе обезбеди непречено движење на граѓаните и размена на искуства за посетителите на Преспа Регионот.