МОН потпиша Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15 отсто од септемвриската плата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) потпишаа Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15 отсто од септемвриската плата.

Спогодбата на Фејсбук попладнево ја објави претседателот на Синдикато Јаким Неделков, а денеска на прес-конференција министерот Јетон Шаќири соопшти дека наставниците ќе добијат, како што рече, „историско покачување“ со септемвриската плата.

Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Неделков и министерот Шаќири,  стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.

Во документот е утврдено дека основната плата на работникот не може да биде пониска од објавената висина на минималната плата во бруто износ во Република Северна Македонија во тековната година.

Share This Article