Меланија Трамп го придружуваше својот сопруг Доналд Трамп при гласањето на Флорида.
Модниот избор на потенцијалната прва дама на САД, Меланија Трамп, на денот кога Америка избира, предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Со сопругот Доналд Трамп, кој е во претседателската трка со Камала Харис, таа присуствуваше на гласањето во Флорида.
По долга пауза од појавување во јавноста, Меланија во чекор го следеше Доналд Трамп, а за оваа прилика се беше, судејќи според реакциите, во неочекувано модно издание.
Станува збор за фустан со кратки ракави со копчиња со црно-бели точки, јака и ремен околу половината, а е креација на модната куќа „Кристијан Диор“.
Интересно е што Меланија се појави во овој фустан во септемвриското интервју за „Фокс њуз“, кога ги промовираше своите мемоари, пишува „Дејли мејл“.
Секогаш елегантната и отмена Меланија стајлингот го надополни со високи црни потпетици и големи црни очила за сонце, а косата и беше обликувана во волумен и меки, природни бранови.
Меѓутоа, на социјалните мрежи се најдоа некои коментатори кои го поставуваат истото прашање – зошто носи толку големи очила за сонце, дури и во затворен простор?
„Зошто Меланија носи очила за сонце на гласање?“, „Дали е тоа навистина Меланија? Чудно…“, „Меланија носи очила за сонце внатре за да може да ги преврти очите“, се само некои од коментари.