Натпреварувачи, но пред се луѓе. Со овој коментар е опишан спортскиот, но пред се хуман потег на хрватскиот атлетичар Дино Бошњак на Европското атлетско првенство во Полска, со кој го воодушеви светот.
Хрватот застана и несебично му помогна на својот словенечки колега, Вид Ботолин кој колабираше на сред трка. Бошњак наместо да мине низ целта, го однесе својот ривал до целната линија, а тој остана зад него.