Постојат неколку причини зошто сега кога сте настинати мислите дека сте полоши од било кога.
Мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, како што се носење маски, одржување хигиена, физичко растојание и ограничување на собири, имаа ефект другите вируси да циркулираат помалку меѓу населението.
Веројатно не е голема, но забележливо е дека за некои луѓе симптомите на настинка може да изгледаат полоши од кога било досега.
Дали вирусите станаа посериозни?
Експертите велат дека вирусите на настинка не станале поштетни и сериозни отколку што беа пред пандемијата. Во моментов нема докази за ова. Сепак, постојат неколку причини зошто сега кога сте настинати, можеби мислите дека сте полоши од било кога.
Зошто симптомите на настинка сега изгледаат полоши?
Една од причините зошто симптомите на настинка може да изгледаат полоши е затоа што луѓето заборавиле како е да се настине, бидејќи во последните години не биле изложени на никакви инфекции.
Симптомите на настинка вклучуваат кивање, кашлање, течење на носот, болки во телото, непријатност во градите и треска. Некои од нив можат да траат и до 10 дена, пренесува Vijesti.me.
Помала изложеност на вируси
Помалата изложеност на вируси на настинка, исто така, може да игра улога. Луѓето кои некое време не настинале нема да бидат премногу имуни на вируси, вели д-р Питер Чин-Хонг, професор и специјалист за заразни болести на Универзитетот во Сан Франциско.
„Послабата изложеност на вируси со текот на времето може да направи настинката да изгледа полоша од порано, бидејќи на неа не сте биле изложени долго време“, додава тој, пишува „Times of India“.
Дали луѓето сега се повеќе склони кон настинки?
Поверојатно е дека луѓето порано ќе настинат со оглед на тоа што сега повеќе излегуваат и се дружат и не носат маски, како што беше случајот за време на пандемијата.
Сепак, фактот дека настинката изгледа полоша од порано, можеби има повеќе врска со вашиот мозок отколку со вашиот имунолошки систем, велат експертите. Можеби настинката изгледа полоша едноставно затоа што долго време не сте настинале.
Најдобрите начини за лекување на настинка
Многу е важно да внесувате доволно течности. Ако имате болки во грлото, гаргарањето топла солена вода може да понуди олеснување. Кога станува збор за превенција, одржувањето на хигиената, како што е честото миење на рацете и чистењето на површините, може да помогне.