More

    Постојано ладни раце и нозе може да бидат знак за сериозна болест

    spot_img

    Ако секогаш, па дури и во лето, прстите на рацете и на нозете ви се ладни, обрнете внимание на тоа и консултирајте се со лекар. Имено, лекарите објаснуваат дека ова чувство може да биде предизвикано од одредени здравствени проблеми за кои можеби не знаете дека ги имате.

    Ако ги препознаете овие симптоми, консултирајте се со вашиот лекар.

    Имате слаба циркулација 

    Кога имате слаба циркулација, вашата крв не тече низ телото толку брзо како што треба. „Кога крвта не допира до одредени делови од телото во доволна количина, а тоа е обично случај со рацете и нозете, тие стануваат ладни“, објаснува д-р Арти Агарвал, интернист во њујоршката болница „Juno Medical“.

    Нагло сте ослабнале

    Драстичното слабеење создава хипотермија, бидејќи маснотиите под кожата го одржуваат телото топло. Кога губите тежина, губите дел од овие масти и сте почувствителни на студот. Ако премногу го намалите внесот на калории, метаболизмот се забавува за да заштеди енергија, а тоа создава чувство на студ.

    Проблем со тироидната жлезда

    Кога тироидната жлезда почнува да работи бавно (хипотироидизам), таа не произведува доволно хормони за сите потреби на телото, а еден од симптомите е чувствителноста на студ. Жените, луѓето постари од 60 години и оние со семејна историја на оваа болест имаат зголемен ризик за ова заболување.

    Анемија или дијабетес

    Еден од симптомите на анемија и дијабетес се ладни раце и нозе или чувствителност на студ. Ако немате доволно црвени крвни зрнца, болеста се нарекува анемија. Дијабетесот се јавува кога има покачено ниво на шеќер во крвта. Доколку имате други симптоми и се сомневате во овие состојби, посетете го вашиот лекар кој ќе ги направи потребните тестови.

    Имате мала мускулна маса

    На некои луѓе им е ладно дури и кога на повеќето не им е. Ако нема медицински причини за тоа, причината може да биде помалата мускулна маса, вели д-р Арти Агарвал. Мускулите собираат топлина и ако имате помала мускулна маса, телото ја одржува топлината со повлекување крв од екстремитетите, па рацете и стапалата стануваат ладни.

    Не спиевте доволно

    Може да се чувствувате ладно во текот на денот затоа што сте толку уморни што вашето тело мисли дека треба да спиете. Тогаш телото се однесува како кога ќе легнете во кревет. Мозокот произведува мелатонин, хормон кој предизвикува поспаност, а температурата на телото паѓа, што се случува и за време на спиењето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img