More

    Постои начин да се заобиколи ветото на унгарскиот претседател Виктор Орбан со кое беше закочена помош вредна 50 милијарди евра за Украина

    spot_img

    Постои начин да се заобиколи ветото на унгарскиот претседател Виктор Орбан со кое беше закочена помош вредна 50 милијарди евра за Украина. ЕУ кова нова план да искористи механизам кој го користела во времето на пандемијата со ковид-19.

    Со овој механизам би можеле да бидат „бајпасирани“ 20 милијарди евра за Украина, објави „Фајненшл Тајмс“. За опцијата не се потребни гаранции од сите 27 земји членки. Но, некои земји како Германија и Холандија ќе треба да обезбедат национална гаранција во сопствените парламенти.

    Службениците во ЕУ се надеваат дека со ваквиот механизам 20 милијарди евра можат да бидат откочени за Украина до месец март. Меѓу другото, ќе се чека дали ветото на Орбан за предложените 50 милијарди евра ќе биде откочено на самитот на Унијата закажан за 1 февруари.

    На почетокот на оваа година, Европската комисија ѝ понуди на Украина финансиска поддршка до 2027 година во износ од 50 милијарди евра, од кои 33 милијарди евра беше планирано да бидат издадени во форма на заеми, а 17 милиони евра во форма на грантови.

    Истовремено, Украина и Молдавија ги започнаа преговорите за членство со ЕУ со тоа што Орбан, по предлог на германскиот канцелар Олаф Шолц, излезе на кафе-пауза за време на гласањето месецов.

    Во меѓувреме, останува неизвесна судбината на закочениот пакет од речиси 111 милијарди долари помош од САД за Украина, Тајван и Израел од кои 61 милијарда беа наменети за Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img