Последните часови од старата 2024 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек на гостите што тука ќе ја минат највеселата ноќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Последните часови од старата 2024 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек на гостите што тука ќе ја минат највеселата ноќ.

Градот е свечено украсен, особено централното градско подрачје, Плоштадот и Кејот на Охридското Езеро, каде што уште од вчера е забележителна празничната раздвиженост, пред сѐ поради гостите кои со голем број автомобили и автобуси пристигнуваат за да ги минат овие празнични денови тука.

За добро расположение кај гостите секако придонесува сончевото време со температури далеку над нулата и речиси пролетен амбиент, така што уште во текот на денот терасите од кафулињата и рестораните се полни со посетители. Празничната раздвиженост се чувствува и во Чаршијата, на Кејот и на уличките што водат кон атрактивните локации за фотографирање и културно-историски споменици во градот.

Хотелите и сместувачките објекти на Охридската ривиера ќе ја дочекаат Новата 2025 година со речиси исполнети капацитети и аранжмани кои се распродадени уште пред речиси 2 седмици. Најбројни за новогодишните празници и овој пат ќе бидат гостите од соседните земји кои традиционално го избираат Охрид за новогодишните празници, пред сѐ поради автентичниот амбиент и добрата забава.

Во Охрид ќе има и домашни гости, но, пред сѐ оние кои имаат свои станови и куќи.

За добра забава на отворено вечерва се ангажирани познатите уметници Каролина Гочева и Наум Петрески, како и миленикот на помладата генерација охриѓанецот Пајак, кои ќе настапуваат на Градскиот плоштад. Забавата на отворено за гостите во Охрид ќе започне од 20 часот со настапите на диџеите Гец и Фејс, како и членовите на бендот „Take 5“.

Share This Article