More

    Последни податоци за сообраќајната несреќа во Либија

    spot_img

    Тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи го загубија животот во сообраќајната несреќа во Либија, што се случи од засега непознати причини и под неразјаснети околности, кога возило удрило во автобусот на грчката хуманитарна мисија додека од аеродромот во Бенгази се упатувале кон градот Дарна, јави дописничката на МИА од Атина.

    Телата на загинатите со авион на военото воздухопловство се враќаат во Атина, додека пак во сообраќајната несреќа веројатно има и повредени припадници на грчката армија, меѓутоа официјално не постојат информации.

    Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас изрази длабока тага за смртта на тројцата припадници на армијата, како и за загубата на животите на двајцата цивили кои беа дел од истата мисија и соопшти дека со негова одлука, прогласена е тридневна жалост во армијата.

    -Нашите мисли во овој момент се со семејствата на жртвите во несреќата, на кои им изразуваме најискрено сочувство, како и на повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување – рече Дендиас.

    За сообраќајната несреќа првичните официјални информации од Генералштабот на националната одбрана на Грција беа дека се полесно повредени неколку припадници на грчката армија кога автобусот со медицински персонал се судрил со возило кое се движело во спротивна насока и истакнаа дека се прават напори грчкиот тим да се врати во Грција, а слично беше и соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција дека по сообраќајната несреќа „во координација со Министерството за национална одбрана, ОН и Европската унија, генералниот конзулат на Грција во Бенгази е во состојба на готовност за обезбедување помош за делегацијата и да помогне во враќањето во Грција“.

    Кусо подоцна, светските новински агенции, пренесувајќи изјава на министерот за здравство на Либија, објавија дека во сообраќајната несреќа загинале четири лица.

    Неколку часа подоцна, околу полноќ од Генералштабот на грчката армија соопштија дека „тројца членови на грчката хуманитарна мисија ги загубија животите, а двајца се водат за исчезнати“.

    Грција вчера испрати хуманитарна помош, во Либија, односно медицински и болнички персонал, медицинска и фармацевтска опрема и храна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img