Последната порака на подморницата Титан одекна на судењето за трагедијата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пораката „сите се добро овде“ е меѓу последните зборови слушнати од екипажот на експерименталната подморница Титан чие трагично потопување ланското лето го следеше светот. Оваа порака била добиена со визуелната реконструкција на денот кога загинаа петте лица кои беа во екипажот, пишува британски „Гардијан“.

Пораката била пратена преку СМС со бродот за поддршка Поларен Принц. Од Поларниот Принц потоа биле пуштани повеќе СМС пораки со прашања дали Титан сè уште може да го види бродот на својот екран, сугерира анимацијата од реконструкцијата на настанот.

Титан експлодираше под големиот притисок на морските длабочини на 18 јуни 2023 година. Потонувањето останува мистерија, а ги доведе до прашање ваквите приватни мисии со подморници.

Свиркачот кој предупреди дека подморницата е неисправна се очекува денеска дава изјава во судот, пишува Би-Би-Си. Дејвид Лохриџ, поранешниот шеф на компанијата ОушнГејт во 2018 година бил ангажиран од новиот шеф на компанијата, бизнисменот Стоктон Раш, да изврши инспекции кои покажале дека многу нешта останале недоиспитани пред патувањето.

Лохриџ, кој сега ќе сведочи, на состанок во 2018 гдина предупредил дека не е испитана комората каде што престојуваат патниците, дека еден прозорец од подморницата бил испитан на притисок од само 1.300 метри, дека алармот не е доволно агилен за да спречи мисија на подморницата и дека самиот материјал од кој е направен бродот, карбонски влакна, ќе се аби со секое ново нурнување на подморницата што може да доведе до пропаст.

Потопната машина беше оставена изложена на елементи додека се складираше седум месеци во 2022 и 2023 година, изјавија претставниците на крајбрежната стража во нивните првични забелешки. Трупот, исто така, никогаш не бил прегледан од трети страни како што е стандардна процедура, велат тие.

Самиот дизајн на подморницата е необичен.

Првиот сведок на сослушувањето, Тони Нисен, поранешен инженерски директор на компанијата што го поседуваше Титан, сведочеше дека се чувствувал избрзан да започне со работа.

На прашањето дали имало притисок да се внесе Титан во вода, тој одговорил: „100%“.

- Advertisement -
Ad image

Поморскиот одбор, исто така, го праша Нисен дали чувствува дека притисокот од Стоктон Раш, ко-основачот на Оушнгејт, ги компромитира безбедносните одлуки и тестирањата.

По долга пауза, тој одговори:

– Не… тоа е тешко прашање за одговор, бидејќи ако имаш бесконечно време и бесконечен буџет, можеш и бесконечно да тестираш.

- Advertisement -
Ad image

Нисен, исто така, рече дека подморницата била погоден од гром за време на пробна мисија во 2018 година и дека тоа можеби го оштетило трупот. Тој рече дека бил отпуштен во 2019 година, истата година кога не дозволил подморницата да нурне во водата.

Тој рече дека му рекол на Раш дека Титан „не работи како што мислевме дека ќе работи“.

Според Нисен, кога Стоктон побарал од него да управува со подморницата, тој му рекол:

– Не влегувам во неа.

Share This Article