Директорот на Делегацијата на германското стопанство во земјава Патрик Мартенс предупреди дека автомобилската индустрија во земјава ќе има директни последици од запирањето на работата на германската автомобилска индустрија и војната во Украина.
– Отсега мора да се соочиме со неочекуваните удари кои ќе ја погодат економијата. Германските производители во автомобилската индустрија се принудени да го запрат своето производство. Ова ќе има директни последици и на компаниите производители од автомобилската индустријата во РС Македонија. Поради Виша сила, им се заканува стопирање на производството на производителите од автомобилската индустрија кои се дел од интернационалниот синџир на добавувачи во РС Македонија. Во Украина се погодени 30.000 работни места кај германски и 10.000 работни места кај други интернационални инвеститори од автомобилската индустрија – вели тој во утринската телеграма.
Тој додава декаМакедонско-Германското стопанско здружение (DMWV) ја започна годината со 8 компании премиум-членки и 2 компании ексклузивни партнери. Наши премиум-членки се компаниите: „Мајорел“, „Актива“, „Авицена“, „ЕОС Матрих“, ЕВН Македонија, Македонски Телеком, „Макпетрол“ и „Квенбергер“.