Поскапуваат дизелот и бензинот од 98 октани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дизелот и eкстра лесното масло за домаќинството од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1 денар по литар, додека  цената на бензинот од 98 октани се зголемува за половина денар по литар, а цената на бензинот од 95 октани  останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,1%, велат од РКЕ.

Новата малопродажна цена на „еуродизел“ ќе изнесува 76 денари за литар, а на  маслото за домаќинство 75 денари. Бензинот „еуросупер – 98“, од полноќ се се продава за 87,5 денари за литар, додека цената на „еуросупер- 95“ и натаму ќе остане 85 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,459 денари.

Share This Article