Мазутот поскапи за 1,056 денари со што еден килограм од полноќ ќе чини 45,804 денари за килограм, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Цените на останатите горива не се менуваат.
Ваквата одлука регулаторите ја оправдаа со тоа што референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,676%, кај дизелот 1,312%, кај екстра лесното масло за 2,011% и кај мазутот зголемувањето е за 3,445%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е понизок за 0,1877%.