More

    Посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип

    spot_img

    Посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

    Жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот.

    Директорката Андоновска за МИА вели дека нема простор за паника кај граѓаните. Штом вработените кои секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот.

    Претходно, и директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип.

    Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

    Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека вчерашниот демант од Синдикалната организација на СОНК при Зоолошката градина – Скопје е креиран од вработените во Зоолошката кои, иако постапиле согласно сите протоколи, биле изложени на јавен линч.

    Како што изјави денеска Неделков, одговорајќи на новинарски прашања, овие вработени се сомневаат дека објавата на која реагирале е всушност на Град Скопје, како и дека многу работи воопшто не кореспондираат со вистината.

    – Демантот е креиран од вработените кои учествуваа во настанот квалификуван во јавноста како немил и хорор. Тие се почувствуваа како да се поставени на линч од јавноста. Вработените реагираат за незаконското снимање и објавување фотографии и видеа за кои дополнително, со коментари и текст, јавноста беше поттикната за таквиот однос кон нив, рече денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков во врска со вчерашната објава на Синдикалната организација на СОНК при Зоолошката градина – Скопје со која се демантира соопштението на Зоолошката споделено на нејзината официајлна фејсбук страница. Особено истакнуваат дека постапиле согласно закон, согласно напатствијата на АХВ и согласно сите домашни и европски протоколи. Ништо не направиле спротивно на правилата, прописите и протоколите. На сметка на тоа, се најдоа на јавен линч – рече Неделков по прес-конференцијата на ККС.

    Тој објасни дека човек што се претставил дека доаѓа од Град Скопје снимал и давал отпор пред полициските службеници кои се обиделе да го спречат да го прави тоа.

    – Тој од сила на власт на Град Скопје се спротивставил и кажал дека тоа може да го прави и има право да го прави. Тоа се тие некои внатрешни препукувања меѓу Зоолошката градина и Град Скопје кои траат веќе неколку години. Можеби на две раце се бројат директорите кои се назначени и експресно сменети, со еден куп трагични загинувања, угинувања на животни со што оваа, за нас многу значајна институција, се става на маргините на нејзиното функционирање, се на грбот и на сметка на вработените кои трпат огромна штета – истакна Неделков.

    На својата фејсбук страница Неделков вчера го сподели демантот од Синдикалната организација на СОНК при Зоолошката градина – Скопје во кој се наведува дека се неточни информациите изнесени претходно во соопштението на Зоолошката, објавено на 20 октомври 2024. Според демантот, направен е упад на фејсбук страницата на Зоолошката каде ова соопштение е објавено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img