Посетата на американскиот претседател нема да ги одложи плановите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Џо Бајден, утре ќе го посети Израел. Но, посетата на американскиот претседател нема да ја одложи израелската копнена офанзива во Газа.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека војската не очекува утрешната посета на Израел на американскиот претседател Џо Бајден да ја одложи или комплицира копнената операција во Газа.

– Мислам дека претседателот исто така рече дека „Хамас треба да биде уништен“, а тоа е токму нашата воена цел – изјави за Си-Ен-Ен, потполковник Џонатан Конрикус.

Бајден ќе оствари утре посета на Израел што се толкува како демонстрација на огромната поддршка на Вашингтон за Ерусалим по нападот на Хамас на 7 октомври.

Тој ќе биде првиот шеф на држава што ќе го посети Израел од почетокот на конфликтот.

Share This Article