Посебен сообраќаен режим во Битола, денеска доаѓа Јотова, утре Пендаровски и Ковачевски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На територија на СВР Битола денеска и утре ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради денешната посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова и утрешната посета на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски по повод одбележувањето на годишнината од постоењето на РЕК „Битола”.

„Од тие причини, СВР Битола на територија на Битола и околината на 04.11 и 05.11 ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што до сите граѓани учесници во сообраќајот апелираме да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот“, се наведува во соопштението од СВР Битола.

Share This Article