More

    Португалците полни со респект кон нашите фудбалери

    spot_img

    Респект и внимателност преовладуваат во изјавите на португалските фудбалери, кои по вчерашниот триумф над Турција (3-1) пред 48.000 гледачи на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник на истото место ја пречекуваат македонската репрезентација во рамки на финалниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар.

    – Ваквите натпревари се финале, а финалето секогаш е комплицирано. Го победивме првото (финале), а сега треба да го победиме второто. Овој натпревар (против Турција) е завршен и сега нашиот фокус е кон Македонија, што несомнено ќе биде многу тежок дуел. Самото тоа што тие ја победија Италија значи дека ќе ни биде многу тешко – изјави португалскиот селектор Фернандо Сантош за националната телевизија РТП.

    Столбот на португалската одбрана Данило истакна оти не е изненаден од пласман на македонските фудбалери во финалето.

    – Не сме изненадени од тоа што го направи Македонија. Тие имаа одлични мундијалски квалификации. Тие се многу добро организиран и борбен тим. Нивната победа (над Италија) не беше изненадување – изјави Данило.

    Комплименти за квалитетот на македонската репрезентација пред дуелот на „Драгао“ во вторник од 20:45 часот изнесе и португалскиот играч од средниот ред Матеус Нунеш.

    – Сега треба малку да се одмориме и да се подготвуваме за натпреварот против Македонија. Тие го заслужуваат целиот наш респект. За да ја победиш Италија мора да поседуваш квалитет и не смееме да си дозволиме да помислиме дека ќе ни биде лесно – порача фудбалерот на Спортинг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img