Португалски спасувачки тим во турската провинција Хатај во вторникот спаси куче по име Тарчин, кое беше под урнатините околу 200 часа по разорниот земјотрес на 6 февруари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Португалски спасувачки тим во турската провинција Хатај во вторникот спаси куче по име Тарчин, кое беше под урнатините околу 200 часа по разорниот земјотрес на 6 февруари, објавија локалните медиуми.

Повеќе од една недела по земјотресот што ја погоди југоисточна Турција, португалски тим спаси златен ретривер од урнатините во областа Антакија, објави португалската национална новинска агенција (Луса).

Тимот слушнал лаење. Отпрвин не можеле да препознаат од каде доаѓа звукот, но на крајот сфатиле дека доаѓа од урнатините, јавува Анадолија.

Со правење дупка во ѕидот, тимот успеа да отвори премин за Тарчин да избега од урнатините.

Видно ослабен, Тарчин имал повреди и на муцката и шепите, што е знак дека „се обидувал да го пробие ѕидот и да најде излез“, изјави за Луса координаторот на тимот на португалската републиканска гарда Андре Роза.

Еден час откако бил спасен, на Тарчин му се придружил неговиот сопственик Танер, кој му се заблагодарил на тимот за спасувањето.

 

 

Филипе Мело, еден од членовите на португалскиот спасувачки тим на теренот, рече дека тоа биле моментите што ги охрабриле да продолжат и напорно да работат.

- Advertisement -
Ad image

Португалски спасувачки тим пристигна во Турција минатиот четврток со 13 тони опрема и шест кучиња спасувачи.

Повеќе од 40.000 луѓе загинаа, а повеќе од 105.000 се повредени во смртоносните земјотреси што ги потресоа јужните делови на Турција и Сирија, според последните официјални податоци.

Земјотресите со јачина од 7,8 и 7,6 степени, со центар во провинцијата Кахраманмарас, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции, вклучувајќи ги Адијаман, Газиантеп и Хатај.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article