More

    Португалија со минимална предност замина на пауза

    spot_img

    Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива против Португалија (0-1) во историскиот натпревар на „Драгао“ во рамки на финалето од баражот за Светското првенство (СП) кое во 2022 година се игра во Катар.

    Бруно Фернандеш беше човек на одлука во првиот дел, откако по проигрување со Роналдо го казни грешното додавање на капитенот Ристовски. Во вторите 45 минути ќе мора да видиме една храбра и отворена Македонија која ќе напаѓа повеќе, затоа што во првиот дел нашиот национален тим немаше ниту една сериозна шанса кон голот на Диого Коста кој ја доби предноста пред Руи Патрисио.

    Натпреварот започна доста претпазливо и од двете екипи. Ниту Португалија ниту Македонија ризикуваа да нападнат од првата минута, а популарните Селекао ја имаа топката во своите нозе. Благоја Милевски направи две измени во однос на составот со Италија, затоа што на располагање ги имаше повратниците Елмас и Костадинов, па и двајцата тргнаа од стартот на местото на Чурлинов и Николов. Со новата формација 4-4-2, Македонија имаше повеќе густ и цврст среден ред. Португалците беа отсечени од нашата половина, само се вртеа пред нашиот гол, но безуспешно. Првата сериозна шанса на мечот пристигна во 14. минута кога Кристијано Роналдо излезе пред голот на Димитриевски, ама шутираше крај дирекот.

    Минута подоцна обиди имаше Македонија, со два корнери во низа, затоа што шутевите на Алиоски беа блокирани. Дури десет минути по шансата на Македонија, Португалија повторно почна да се заканува. По еден корнер на домашниот тим, Жота имаше можност со глава откако Ристовски заборави на него и се фокусира на Роналдо, ама за наша среќа обидот заврши безуспешно.

    Во средината на првиот дел Македонија се отвори. Се обиде да реализира контра, ама Ристовски погреши со еден пас, па откако Бруно Фернандеш украде топка, го проигра Роналдо кој возврати до соиграчот веднаш потоа само поблиску до казнениот простор и играчот на Јунајтед во 32. минута ја доведе Португалија во предност. Во продолжението од мечот до крајот на првото полувреме скоро и да немаше ниту една сериозна шанса. Се играше претежно на средината на теренот, па веруваме дека Милевски во вториот дел ќе тргне на се или ништо на дуелот пред преполниот „Драгао“.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img