Во последниот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал Португалија синоќа во Лусаил убедливо ја совлада Швајцарија со 6-1 (2-0), предводена од тројниот стрелец Гонсало Рамос.
Португалија, во чиј почетен состав немаше место за Кристијано Роналдо, поведе преку Рамос во 17 минута, а до крајот на полувремето Пепе во 33 минута зголеми на 2-0.
Рамос (51, 67), Рафаел Гериро (55) и Леао (90+2) беа стрелци во португалскиот состав во вториот дел, додека почесниот гол за Швајцарија го постигна Мануел Аканџи (58).
Противник на Португалија во четвртфиналето ќе биде Мароко, кој претходно денеска на пенали ја елиминираше Шпанија.