Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо тешко го поднесе поразот од Словенија во пријателскиот натпревар што се одигра синоќа на стадионот „Стожице“ во Љубљана.
Репрезентацијата на Словенија вчера на домашен терен ја изненади Португалија и славеше победа со 2-0. Роналдо не беше среќен од ваквиот исход и своето незадоволство го истури на судиите.
Во завршувањето на вчерашниот натпревар во Љубљана, Роналдо беснееше на судиите тврдејќи дека биле оштетени за пенал.