More

    Портпаролот на Путин едноставно лаже, вели Белата куќа

    spot_img

    Изјавите на Русија дека нападот со дронови на Кремљ е организиран од САД се лажни, изјави денеска Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност во Белата куќа.

    – Очигледно тоа е апсурдно тврдење – рече Кирби во интервју за Си-Ен-Ен. – Соединетите Држави со ова никако не се поврзани. Ние дури не знаеме што, всушност, се случило, но можам да ве уверам дека САД не играат никаква улога во ова.

    Кирби изјави дека не му се познати разузнавачки информации дека Русија има намера да врши напади на системите на критична инфраструктура на НАТО.

    Коментарот доаѓа по изјавата на првиот човек на разузнавањето на НАТО дека Русија може да саботира подводни кабли за да се одмазди на западните земји за помошта што ја даваат на Украина. Во врска со ова Алијансата ја засили заштитата на подводната инфраструктура по експлозиите на гасоводот „Северен тек“ лани во септември.

    Во врска со нападите на дронови на Кремљ и обвинувањето од Русија дека зад тие напади стојат САД, а со цел убиство на претседателот Владимир Путин, Кирби за Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, лаже.

    -Тој, едноставно, лаже – изјави Кирби за телевизијата.

    Поранешниот руски премиер, Михаил Касјанов, кој функцијата ја извршуваше за време на првиот претседателски мандат на Владимир Путин, од 2000 до 2004 година, смета дека вчерашниот напад врз Кремљ бил „исценирана операција“.

    Во интервју за Скај Њуз, Касјанов кажа дека Русија го организирала нападот за повеќе да ги поттикне граѓани да се пријавуваат во руските вооружени сили.

    Касјанов ја напушти Русија минатата година и сега е многу критичен за активностите на Кремљ во Украина, и покрај тоа што некогаш тесно соработуваше со Путин.

    Тој наведува дека е интересно што Москва е подготвена да ја обвини Украина за наводниот напад со дрон, иако со тоа автоматски признаваат дека украинските беспилотни летала можат да стигнат до Кремљ. Касјанов предупреди дека треба да се „очекува нешто повеќе“ од Москва во наредните денови, уште една провокација.

    Да потсетиме, Кремљ вчераутро беше нападнат со беспилотни летала, а Москва објави дека се работи за неуспешен обид за атентат на Путин. Кремљ објави дека нападот го смета за „планиран терористички акт“ и го задржува правото да возврати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img