Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски во изјава за медиумите ги соопшти досегашните нерегуларности на денешните претседателски избори

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

– На едно гласачко место во Скопје покрај испишаниот графит од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземни мерки и активности и на ова место гласањето продолжи да се одвива непречено – истакна Ангеловски.

Фотографирање на гласачки ливчиња, покажано гласачко ливче на набљудувач, оставани летоци на автомобили, испишани графити, се дел од нерегуларностите кои ги соопшти Ангеловски.

Тој оцени дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, како и дека гласањето се одвива мирно без проблеми.

– Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач – речеПортпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски во изјава за медиумите ги соопшти досегашните нерегуларности на денешните претседателски избори. Ангеловски.

Share This Article