Портпаролот на Хутите ги нарече нападите „американска агресија“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската војска соопшти дека бомбардирала цели на Хутите денеска и во понеделник, особено во Сана, главниот град на Јемен, кој е под контрола на бунтовниците, поддржани од Иран, објави Си-Би-Си њуз.

Целите биле користени од бунтовниците, поддржани од Иран, за напад на американски воени бродови и комерцијални бродови, се вели во соопштението на американската Централна команда. Нападите започнаа во понеделникот и продолжија во вторникот.

Целите вклучуваа објект за команда и за контрола на Хутите и напредни капацитети за производство и за складирање на конвенционално оружје. Објектите држеле проектили и летала без екипаж, користени во операциите на Хутите. Авионите на американската морнарица и воздухопловните сили на САД, исто така, уништиле радарска локација на крајбрежните Хути и 7 крстосувачки ракети и беспилотни летала.

Еден сведок во главниот град на Јемен, Сана, кој е под контрола на Хутите, пријавил неколку напади на различни локации.

Командата соопшти дека нема повредени или оштетувања на персоналот или на опремата на САД.

Нападите се дел од напорите на Централната команда на САД да ги деградира напорите на Хутите, поддржани од Иран, да им се закануваат на регионалните партнери на САД и на воените и на трговските бродови во регионот.

Портпаролот на Хутите, Мохамед Абдулсалам, ги нарече нападите „американска агресија“ и „еклатантно кршење на суверенитетот на независна држава и бесрамна поддршка за Израел“.

Бунтовниците претходно во вторникот соопштија дека истрелале два проектила кон Израел, неколку часа откако израелската војска соопшти дека пресретнала проектил, лансиран од земјата. Претходно во декември, ракета, истрелана од Јемен, погоди област на Тел Авив, оставајќи повеќе од десетина повредени од скршено стакло, според израелската војска. Тоа се случи по неколкудневни израелски воздушни напади, насочени кон бунтовниците Хути.

Хутите контролираат голем дел од воено разурнатиот Јемен и гаѓаат со проектили и со беспилотни летала кон Израел, а и кон бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, во, како што велат, солидарност со Палестинците за време на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article