Портпаролите без конкретен одговор за презентерката Ејупи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На денешната прес-конфереција, портпаролите на влада, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, иако беа два пати прашани дали на затворениот дел од вчерашната седница одлучила ТВ презентерката Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк, САД, тие го кажаа истиот одговор.

– На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, рече портпаролот Душко Аврамовски во одговор на новинарско прашање дали на вчерашната затворена седница на Владата поминало кадровското решение Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк.

Прашани дали луѓето како Бесмира Ејупи кои ги праќаме за генерални конзули ги исполнуваат квалификациите кои се бараат од нив, портпаролот Муамет Хоџа рече дека на вчерашната владина седница не е дискутирано по ова кадровско прашање.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply