Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, а попладне со мала до умерена облачност. Во околните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.
Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3-4 степени во споредба со денешната.