Порше, кој веќе има 45% удел во Бугати Римак, сега размислува за мнозинско преземање за да добие поголема контрола, објави германскиот финансиски портал Менаџер.
Разговорите се веќе во тек, како што потврди основачот и директор на Римац, Мате Римац кој додава дека освен Порше, има и други заинтересирани.
-На компанијата и оди толку добро што јас самиот би сакал да го зголемам уделот на Римац – велие Римац.
Тој вели дека автомобилите „бугати“ се распродадени до 2029 година, а со испораката на моделите Bolide и Mistral, заедничкото вложување повторно ќе биде профитабилно во 2025 година.
Римац објаснува дека загубите во изминатите години се од тоа што Bugatti Rimac вложил значителен капитал во развојот на нови модели – „вклучувајќи ја и целосно новата платформа Tourbillon“. Новиот автомобил ќе биде испорачан според планираното од 2026 година.
Така, Порше би можел да создаде алтернатива на најавениот електричен суперспортски автомобил Mission X. Концептот на тој автомобил беше претставен во 2023 година, но не е јасно дали ќе оди во сериско производство. Римац летово веќе призна дека пазарното опкружување е променето и дека најбогатите повеќе не сакаат електрични автомобили.
Ако Порше преземе мнозински удел, другите инвеститори ќе мора да се согласат. Меѓу акционерите на Rimac се Hyundai, Goldman Sachs, SoftBank и Invest Industrial. Преземањето би можело да биде стратешки корисно за Porsche, велат аналитичарите
Порше моментално се соочува со многу предизвици.