Поранешниот украински претседател Петро Порошенко за Би-Би-Си изјави дека оваа операција е почеток на многу поголема офанзива што ја планираат украинските сили.
– Тоа е тешка работа. Ова е само почеток, затоа што Русија создаде многу длабока одбранбена област, до 40, 50 километри. И ова е тешка работа бидејќи Русија е сè уште многу, многу силна. Но, ова е успешно извидување. Многу, многу малку бригади се веќе вклучени во операцијата, но ова е само еден дел од можна офанзивна операција на Украинците – истакна поранешниот украински претседател.