Поројни дождови, грмотевици и силно невреме нѐ очекуваат за празниците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За време на првомајските, како и за Велигденските празници во Македонија ќе имаме многу нестабилно време, на повеќе места со појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Не се исклучува можноста и за локално поинтензивни Атмосферски процеси, во вид на невреме.

– Речиси како секоја година, па така и оваа за првомајските празници, во претпладневните часови ќе си правиме скара на отворено, додека од пладневните часови ќе ни биде потребен чадорот, поради тоа што се очекува нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната Атмосфера, и исполнета со енергија, не се исклучува можноста  и за појава на локално невреме, проследено со силен ветер  и со појава на град – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Тој додава дека токму ова е поради влијанието на циклонската активност од запад.

И во Скопскиот регион за овој празник се очекува попладневна локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– Со оваа промена која нѐ очекува за Првомајските празници, влегуваме во подолг период на многу нестабилно време и со чести врнежи и грмежи, што значи променливо и нестабилно време ќе имаме и за Велигденските празници. За првомајските празници температурите остануваат пролетно високи и без промени, додека потоа барем отсега гледано, се очекува пад на истите и заладување на времето – прогнозира Попоски.

Share This Article