Порои, грмежи и силен ветер и во наредните денови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Попладне денеска, во вечерните и во ноќните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, доцна попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во Скопје. Во делови од Скопската котлина ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.

Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од 24 до 30 степени, а во главниот град температурата ќе достигне 28 степени.

– И во следните денови до сабота ќе продолжи периодот на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и во вечерните часови наместа пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град – соопшти УХМР.

Од недела ќе настапи постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура,
но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен
дожд и грмежи.

Share This Article