More

    Пораз од Левски и во Софија

    spot_img

    Шкупи не успеаја да се одбрани и да остане непоразен во Софија. Македонскиот претставник прими гол во 101.минута и загуби со 1-0 од Левски во реванш натпреварот од 2.квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Претходно, фудбалерите на Шкупи на првиот меч во Скопје беа поразени од Левски со 2-0.

    Во поголем дел од натпреварот чаирчани беа рамноправен противник, но на крај им пресуди голот на Петков постигнат во судиското продолжение. Дуелот во Софија беше продолжен дури 14 минути поради прекинот во 74.минута кога се повреди и беше заменет главниот судија Лионел Чуди.

    По инцидентите во Скопје, во Софија немаше навивачи на Шкупи. Стадионот беше исполнет само со навивачите на Левски кои извадија „илинденска кореографија“ и провоцираа со скандирања и со анти-македонски транспаренти.

    По елиминацијата на Шкупи, единствен македонски претставник во европските фудбалски купови останува тимот на Струга ТЛ кој ќе игра  против Есперанж од Луксембург, во 3.квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img