Пораст на сексуалните престапи кај децата во Велика Британија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Slikom do promene, projekat UNDP Srbija

Младите луѓе кои се фотографираат голи придонесуваат за порастот на сексуалните престапи извршени од деца во Англија и Велс, покажуваат податоците на полицијата, објави денеска Би-би-си.

Според анализата, потенцијалните престапници биле на возраст под 18 години во повеќе од половина од сите пријавени случаи на злоупотреба на деца.

Полицијата го обвинува порастот на комбинацијата на сопственост на мобилни телефони и достапноста на „хардкор порнографија“.

Студијата е прва од ваков вид на британската полиција, која анализира злоупотреба на деца во Англија и Велс за да им помогне на високите службеници да ја разберат заканата за децата.

Според извештајот на Националниот совет на главни полициски службеници, кој ги разгледа податоците од сите 42 полициски сили во Англија и Велс, во 2022 година биле пријавени 106.984 злосторства за сексуална злоупотреба на деца, што е зголемување за 7,6 отсто во споредба со 2021 година.

Од нив, 73 проценти од случаите се однесуваат на сексуални престапи врз деца, 27 проценти се прекршоци поврзани со непристојни слики на деца, а 52 проценти се однесуваат на пријави за деца на возраст од 10 до 17 години кои малтретирале други деца на возраст од 14 години.

Најголем ризик за децата останува семејната злоупотреба, при што полицијата тврди дека таа сега претставува околу една третина од сексуалната злоупотреба и експлоатација на деца.

Злоупотребата од педофилски банди, без разлика дали е онлајн или офлајн, претставува пет проценти од прекршоците.

Сепак, полицијата вели дека се соочува со „растечки и загрижувачки тренд“ на злосторства извршени само од деца, од кои најсериозни се силувањето и сексуалниот напад.

- Advertisement -
Ad image

Третата категорија на прекршоци вклучува непристојни слики на деца направени од деца.

Share This Article