Шпанските медиуми ја открија преписката на предводникот на Барселона од времето на Хосеп Бартомеу во која највнатрешната управа на клубот го навредувала Лионел Меси.
Тогаш поради коронавирусот беа намалени договорите и платите на играчите во каталонскиот гигант, а Меси не попушти под притисокот да прифати помала плата.
„Барти, не можеш да бидеш толку добар со тој канализациски стаорец. Овој клуб му даде сè, а потоа се одлучи за трансфери, нови договори, спонзори за себе… Мора да размислите за договорот на Суарез, тој на Жорди Алба, а има провизии за потпис на Ансу Фати и агентот на Меси, кои не не знае ни да чита, а партнерот е дилер. Сите ние во клубот страдаме поради тоа хормонално џуџе, кое може да и се заблагодари на Барса што воопшто е жива“, му напиша клупскиот адвокат Роман Гомез Понти на тогашниот претседател Бартомеу.
Има поинтересни детали од Whatsapp групата на тогашното раководство на Барса. Така Жерар Пике го нарекоа „син на големата мајка“ по поразот во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Баерн.