Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Мајк Тајсон има нов производ од канабис – оброк во облик на гризнато уво, објави порталот Скај њус.
„Оброкот“ е објавен од „Тајсон 2.0“ – компанија за канабис основана од самиот Тајсон.
Со овој бизарен производ, Мајк Тајсон си прави пародија сам за себеси бидејќи и тој гризнал уво на боксерски натпревар, двапати, поточно на натпреварот против боксерот Евандер Холифилд во 1997 година кога Тајсон двапати му го гризнал увото на противникот.
Производот доаѓа во вкусови, вклучувајќи и вкус на црна бобинка, кисело јаболко и на лубеница.
Производот може да се нарача од онлајн продавницата на компанијата.