More

    Поранешниот сопруг на моделот и актерка Емили Ратајковски обвинет е за злоставување и силување на тинејџерки

    spot_img

    Поранешниот сопруг на моделот и актерка Емили Ратајковски обвинет е за злоставување и силување на тинејџерки.

    Поранешниот сопруг на Емили Ратајковски, Себастијан Бер-Меклард (42) обвинет е за сексуално злоставување и непристојно однесување кон две тинејџерки во експлозивна исповед која тие ја дале за магазинот „Вариети“.

    Млада жена која сега има 24 години, изјавила дека филмскиот продуцент стапил во контакт со неа кога имала само 17 години по пат на социјалната мрежа Инстаграм.

    Потоа наводно се сретнале на некоја забава во Њујорк каде тој ѝ ветил помала улога во нејзин филм во кој главната улога ја имал познатиот холивудски актер Роберт Патинсон.

    Девојката која не сакала да го открие идентитетот изјавила дека очекувала снимање со филмска ѕвезда, но наместо тоа гола снимила интимни сцени со актер којшто неодамна бил пуштен од затвор.

    Себастијан наводно ја натерал да се соблече гола пред десеттина мажи кои работеле на филмот.

    Тогашната тинејџерка изјавила дека во тој момент се чувствувала целосно изненадено и преплашено.

    „Мојата избезуменост само се влоши кога тој актер од никаде на уво ми шепна дека реално смеел да пенетрира во мене додека беа вклучени камерите. Одлучно реков не“, навела девојката.
    Набрзо по инцидентот од снимањето, младата жена наводно почнала да има интимни односи со Бер-Меклард и според нејзините изјави продолжиле да бидат во врска иако таа сè уште била малолетна.

    Споменатите медиуми ги контактирал застапникот на Себастијан, но тие одбиле да ги коментираат наводите.

    Освен тврдењето на првата жена, уште една неименувана девојка раскажала дека го запознала њујоршкиот режисер кога имала 18 години и дека наводно почнал да ѝ пишува на Инстаграм ветувајќи ѝ кариера.

    „По неколку средби Себастијан и јас почнавме да се бакнуваме“, рекла таа. „Работите се сменија, не барајќи мое согласување, Себастијан присилно имаше секс со мене и без употреба на кондом“, изјавила девојката.

    Жената исто така навела дека Себастијан ја нарекувал со погрдни имиња и дека со денови ја следел преку апликација на нејзиниот мобилен телефон којшто сам ја инсталирал.

    Исто така навела дека во неговиот мобилен телефон нашла пораки кои ги разменувал со 15-годишно девојче. Кога се соочила со него тој наводно изгледал задоволен со себе и ги негирал нејзините обвинувања.

    Според тврдењата сето ова се случувало во периодот кога тој веќе бил оженет со популарната манекенка Емили Ратајковски.

    Да ве потсетиме, продуцентот се венчаше со манекенката во февруари 2018 година, само две недели откако во јавноста обелоденија дека се во врска.

    Во бракот го добија синот Себастијан, но Ратајковски поднесе барање за развод во септември 2022 година поради тврдењето дека сопругот повеќе пати ја изневерил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img