More

    Поранешниот претседател на САД, тешко болен, одлучил како ќе ги помине последните денови

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Џими Картер донесе одлука да добие палијативна нега и „да ги помине преостанатите денови со своето семејство“, наместо да подлежи на друга медицинска интервенција, соопшти во саботата Картер центарот.

    -„Тој ја има целосната поддршка од семејството и неговиот медицински тим. Семејството Картер бара приватност во овој момент и е благодарно за загриженоста што ја покажаа многуте добронамерници“, велат од Центарот.

    Картер (98), кој живееше подолго од кој било поранешен претседател на САД по напуштањето на Белата куќа, беше демократ кој беше претседател од јануари 1977 до јануари 1981 година.

    Во последниве години, поранешниот претседател, роден во државата Џорџија, страдаше од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи меланом кој му се прошири на црниот дроб и мозокот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img