More

    Поранешниот на Ким Кардашијан ѝ фрли око на српската пејачка

    spot_img

    Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм ја заследи и светски познатиот рапер и поранешен сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест.

     

     

    По бројните личности од светот на шоу-бизнисот, на Јелена сега друштво ѝ прави една од најголемите планетарни ѕвезди.

    Карлеуша претходно не го следеше Канје, а откако тој ја заследи на Инстаграм, поп-ѕвездата му возврати.

    Вест сигурно веќе со години знае која е Јелена, со оглед на тоа што американските медиуми наголемо пишуваа дека Ким ги копира стајлинзите и фризурата на Карлеуша.

    Потоа, Ким Кардашијан блогот и го посвети на поп-ѕвездата и го пофали нејзиниот стил, наведувајќи дека е „фабулозна“.

    „Овонеделна женска симпатија е српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша! Првпат слушнав за неа кога луѓето споредија некои од нашите изгледи – некои зборуваа дека сум ја копирала. Се разбира, морав веднаш тоа да го видам. Навистина е фабулозна! Некои од нејзините стајлинзи навистина изгледаат како моите – го сакам нејзиниот храбар стилски израз! И двете сме целосно гламурозни! Ми се чини дека е моќна жена која многу работи и тоа ми се допаѓа! Ја почитувам“, напиша тогаш Ким покрај фотографиите на Јелена.

    Иако досега јавно не коментираше за Јелена, како што тогаш го направи неговата поранешна сопруга, Канје очигледно е воодушевен од Карлеуша, па ја заследил на Инстаграм, со што многу светски ѕвезди не можат да се пофалат.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img