Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, кој беше пуштен во домашен притвор, не е достапен за органите на прогонот, објави телевизија Телма.
Судот го ослободи од издржување на затворската казната и времено му ја замени со домашен притвор поради редовна терапија и лекувана на болестите кои ги има.
Гури, кадар на ДУИ, издржува затворска казна за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и кражба на 840 илјади евра.
Според Фокус, Кривичниот суд распишал централна потерница.
Засега нема информации колку време Гури не бил дома. Во јули тој беше осомничен и уапсен во акцијата на МВР и Обвинителството.