More

    Поранешниот фудбалер на сплитски Хајдук Марио Мештровиќ бил застрелан ноќеска во Винковци со неколку истрели во ногата

    spot_img

    Поранешниот фудбалер на сплитски Хајдук Марио Мештровиќ бил застрелан ноќеска во Винковци со неколку истрели во ногата, јавуваат хрватските медиуми.

    Нападот се случил кога тој ја напуштал салата околу 22 часот, а на него стрелал непознат напаѓач со фантомка, кој неколку пати го погодил Мештровиќ во ногата.

    „Едно лице е повредено од огнено оружје. Тоа е пренесено во болница за укажување лекарска помош“, соопштија од полицијата и додадоа дека интензивно трагаат по сторителот.

    Се наведува дека е свесен за  целиот настан и дека на полицијата и го опишал напаѓачот кој со велосипед го напуштил местото на настанот.

    Мештровиќ е актуелен началник за спортот во Вуковарско-сремската жупанија. Покрај за Хајдук, играше и за Цибалија, Риека, Алавес Хапоел Тел Авив, Хапоел Кфар Саба и Хапоел Ерусалим.

    Играше во средниот ред, а кариерата ја заврши во 2003 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img