Поранешниот директор на ЦИА и пензиониран американски генерал Дејвид Петреус истакна дека руската армија направила три клучни грешки за време на инвазијата на Украина.
„Тие целосно ги потценија украинските сили, а ги преценија руските. Тие не можеа да ја наметнат својата линија на воена кампања и да ги подготват силите за спроведување на оваа кампања“, рече Петреус.
„Покрај тоа, тие немаа современи телекомуникациски системи. Така, генералите продолжија да умираат“, додаде тој.
„Понатаму, тие не ги обучуваа своите војници, секогаш знаевме дека им недостасуваат професионални подофицери кои се столбот на нашите сили на Запад. Имаше многу грешки што ги покажаа, некои очекувани, а некои неочекувани“, потенцира Петреус.
Тој, исто така, истакна дека руските комуникациски канали се едноканални и не се шифрирани, што им олеснува на Украина и нејзините сојузници да ги следат.
Според Newsweek, пензионираниот генерал исто така рекол дека украинскиот напад може да предизвика колапс на руските сили во јужна Украина и дека украинските сили ќе го ослободат најголемиот дел од украинската територија што Русите ја зазедоа минатата година, па се до Крим.